„Тоа е постапка во МВР, оние кои имаат над 150 часови во годината прекувремени им следува бонус плата. Ако не го правиме тоа следуваа тужби од многу вработени за кои трошевме многу повеќе пари отколку да исплатиме плата. Затоа ние се одлучивме за 2017 година, за околу 600 вработени да исплатиме по околу 22 000 денари, до март ќе исплатиме бонус плата и за 2018 година, а секако подоцна и за 2019 година и за 2020 година. Изминатите години, особено во режимот, милионски суми се трошеле на камати, на плати, на судски трошоци.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Студио 10 на телевизија 24.
Тоа значи дека во текот на следната година, вработените кои имале прекувремен ангажман, ќе ги добијат сите заостанати бонус плати и така се очекува МВР да нема активни судски процеси покренати од вработените кои најчесто ги добиваат, а МВР на крајот мроа да испплаќа милионски суми.