Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Долно Крушје, пронајдено оружје

На 20.12.2020 во с.Долно Крушје, Македонски Брод, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.В.(64), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.

При претресот биле пронајдени и одземени ловечка пушка едноцевна калибар 16мм, ловечка пушка двоцевна, руска – ИЖ-58, 50 ловечки патрони калибар 16мм и два ловечки патрони калибар 12 мм.

По целосно документирање на случајот, против Д.В. ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК