16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Регионот заслужува фер третман во процесот на европско интегрирање

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска престојуваше во работна посета на Република Австрија, каде оствари средби со својот хомолог и домаќин,сојузниот министер за Европа и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

Османи се заблагодари за континуираната и безрезервна поддршка на Австрија во полза на европската перспектива на Северна Македонија, вклучително и започнување на преговорите за членство во ЕУ без никакво одложување.

„Оваа моја посета денес претставува заокружување на една мини турнеја по земјите – членки на ЕУ кои се непосредни соседи на Балканот, и кои поради тоа претставуваат и нашите најдиректни, во најмала рака, најблиски поддржувачи во процесот на европското интегрирање. Тоа е логично затоа што стабилноста, развојот, напредокот на Балканот е од директен интерес за соседите на регионот, меѓу кои е секако и Република Австрија. Kако непосредни соседи, земјите од окружувањето имаат и најдобар увид, најголеми познавања за состојбите во регионот, што секако ја прави нивната поддршка и нивното мислење уште позначајно“, истакна Османи, упатувајќи притоа благодарност до министерот Шаленберг и до Владата на Австрија за принципиелната и континуирана поддршка на земјава.

„Свесни сме – процесот е сложен, не е едноставно да се постигне консензус и ние не се откажуваме, напротив, постојано јавно кажуваме дека сме подготвени и натаму да работиме посветено и на реформите, и на добрососедските односи, и на сите предизвици кои ќе се појават – сѐ до нашето полноправно членство во ЕУ“, истакна Османи.

На средбата министрите ги отворија и темите од билатералната соработка, реафирмирајќи го притоа фактот дека двете земји имаат поставено основи за стабилно и долгорочно пријателство, без никакви отворени прашања и со широка меѓусебна поддршка за бројни теми. На Агендата на Министерот во рамките на посетата на Австрија следи средбата со сојузната министерка за Европска унија и Устав на Република Австрија во рамките на кабинетот на Канцеларот, Каролине Едштадлер.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК