24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Рекордна побарувачка за канабис во пандемијата, се користи првенствено за здравје

Индустријата со канабис е нова, а тоа подразбира дека се неопходни пари, пред се за инвестиции во фабрики, опрема и кадар. Потоа, на канабисот и понатаму му требаат лобисти од висок ранг за да успее лековитата билка да го добие заслуженото место во медицината. Македонија беше 14-та држава во Европа која го легализираше канабисот во медицински цели. Потоа државата издаде лиценци за производство под одредени услови и строга контрола. Произведувачите им продаваат на фармаколозите од канабисот, а тие произведуваат масло кое го има во малопродажба. Идејата на премиерот Зоран Заев е да се интензивира производството на канабис тргнувајќи токму од изнесените факти, дека канабисот стана општо прифатен лек, дека бизнисот е нов, дека му се неопходни инвестиции, но дека забрзано го освојува светот. Сето тоа значи здравје и профит. Северна Македонија ја има шансата, како промотор на легализацијата да биде првата држава во регионот која ќе може да извезува мадицинско масло од канабис, но и сув цвет од плантажите на лиценцираните фирми. Само од сувиот цвет се проценува дека во државната каса годишно ќе се влеваат по 250 милиони евра.“- пренесува порталот Нова ТВ .

Текстот открива дека Ковид пандемијата ги има размрдано двата пазара, и оној со производство на медицинско масло, затоа што се поголем број пациенти му веруваат и започнуваат да го користат за подобрување на здравствената состојба, но и оној со продажбата за рекреативна употреба на марихуаната, па се нагласува дека голем број шопови за канабис морале да се адаптираат согласно производството и дека не можеле во секое време да ги имаат сите сорти канабис од менито. Како и да е, ако податоците говорат дека во време на пандемијата потрошувачката на канабис бележи рекорди, тогаш само се потврдува смирувачкото дејство на лекот и неговото влијание врз човечкиот организам за постигнување рамнотежа.

Се наведува и Аргентина како позитивен пример дека таму сега е дозволено и самостојно одгледување на марихуана на пациентите на кои им е неопходна од здравствени причини. Ако не можат сами да ја одгледаат, тогаш тоа за нив може да го стори некој од поширокото семејство или одреден пријател, но секој што ќе посади во домашни услови мора да се пријави во владиниот овластен регистар. Аргентина оди и чекор понатаму во либерализацијата, односно достапноста на лековите од канабис, па затоа маслата и другите лековити продукти од канабис стануваат бесплатни преку јавниот здравствен систем на државата, дури и за пациентите кои немаат здравствено осигурување.