Учебниците воведени во основното образование во 2013 година воопшто не се одобрени од Меѓународниот институтот Кембриџ, кој никогаш не бил вклучен во развој на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата. Учебниците имаат ниски оценки од Стручна комисија за оценување на квалитетот на учебниците, а донесени се под притисок на тогашната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Неквалитетните учебници, полни со дискримитароски содржини и нессодветна материја за возраста на учениците се голема пречка во обезедување квалитетно основно образование. Во рамки на предвидените реформи во образованието, потребна е и на промена на дидактичките помагала. Бидејќи децата во моментот учат од програма која до спроведувањето тука била применета само во Гана и некои села во Индија.
Реформите кои следуваат мора да обезбедат подобрување на квалитетот на образовниот процес, поттикнување на индивидуалниот развој и аналлитичките способности на учениците. Неквалитетните учебници и недостатокот од интегриран пристап во развивањето на досегашните наставни програми видливо се одразува на постигнувањата на учениците. Ова го потврдуваат сите домашни и меѓународни истражувања, вклучително и анализите на ОЕЦД.
Образованието во Република Северна Македонија е нарушено на повеќе нивоа, а неговото реформирање мора да започне од темелите – од основното образование.
Промените кои следуваат треба да се основаат на интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини.