24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Ќе се ревидираат цели судски досиеја, ќе се оценуваат сите судии според мерливи критериуми

„Ќе се ревидираат цели досиеја, секој судија ќе биде оценет, ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии – како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци, сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет, и сето тоа да има временска рамка и предвидена е транспарентност, и низ 2021 година и 2022 година да знаеме на што сме. Целиот процес ќе оди во фази и постепено, ама ќе се проверат сите. Јас би оставил прво да помине методологијата во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители, па ќе ја презентирам. Има методологијата и цел план со динамика на активности.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто на телевизија 21.

Според него нема простор за одлагање на постапката за проверка и дека следната година ќе биде клучна за оценка на судиите.

„Нам ни треба едно темелно филтрирање за да откриеме зошто постои неажурност во постапките,како се практикувало застарувањето предмети, дали имало влијание од бизнис центри и тоа да се разоткрие и што побрзо да се отстрани од судството. Тоа е она што клучно го забележуваат граѓаните. Секој ден имаме поплаки за судовите и обвинителствата, ние ги препраќаме тие поплаки до Судски Совет и Совет на јавни обвинители, за понатамошно постапување.“- изјави Маричиќ.