Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски добитник на наградата за интегритет за 2020-та година

Ми претставува огромна чест и најмногу од сè, мотивација што сум одбран од Интернационалната стопанска комора од Холандија за добитник на наградата за интегритет за 2020 година, соопшти Љупчо Николовски, вицепремиер.

– Признанието го посветувам на сите Вас кои ми помагате во сиот овој период во кој почнуваме една многу чесна, храбра и патриотска битка за поставување нови стандарди, воведување нови мерки и практики во борбата против корупцијата, појава која не влече надоле со децении.

Битката е заедничка, приклучете се, помогнете, од секој еден човек зависи кој ќе излезе како победник. Да бидеме тоа ние. Да ја победиме корупцијата заедно, порача Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК