Штип е освоен од СДСМ со исклучително солиден резултат наспроти многуте скептици и наспроти негативната кампања на ВМРО ДПМНЕ која во континуитет ги плашеше гласачите дека опасноста од ширењето на заразата со корона вирусот е сриозна пречека за спроведување на изборите. Обично кога на избори не излегува кандидат на вистиснкиот политички опонент, се намалува општиот интерес кај гласачите, пред се затоа што победникот на некој начин е познат, па дел од избирачите оставаат спонатно да се случи победата без да се појават на гласачко место и да дадат свој придонес во крајните резултати.
Но, овој пат не беше така. Кандидатот на СДСМ, Сашко Николов, иако уште предизборно беше фаворит за градоначалник на Штип без значителна конкуренција, сепак тој однесе победа со сериозен изборен резултат. Тој има освоени 11 700 гласови, бројка која би била сосема доволна за победа и во случај кога ВМРО ДПМНЕ би имале свој кандидат. Иако победникот се знаеше однапред, сепак опозицијата по секоја цена настојуваше како да ги демотивира граѓаните на Штип да не излезат на избори и гласањето да заврши без постигнат цензус, а со тоа локалните избори во Штип да пропаднат.
Намерата на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не успеа. 35 отсто од граѓаните излегоа на гласање, што е малку над лимитот од 33,33 отсто, но е сосема доволно за чиста победа. На локалните избори во Штип излегоа околу 14 500 гласачи, а цензусот беше околу 13 900, што значи на гласачките места се појавиле 600 гласачи повеќе од неопходното, што за Штип, но и за условите во кои се одвиваа изборите, е солидна бројка. Значи победата нималку не е спорна, колку и да сака опозицијата да ја минимизира и да ја негира.
Она што е важна порака од локалните избори во Штип е дека граѓаните покажаа демократско достоинство и не потклекнаа под негативната кампања за непостоење услови за одржување избори. Гласачите на Штип дадоа јасна политичка поддршка на СДСМ и нивниот кандидат во период кога пандемијата со вирусот е во фаза на кулминација. Но, изборот на Николов, како познат и признат лекар помеѓу штипјани, се покажа како вистински потег. Во последните две седмици бројот на заразени во Штип се намалува и тој сега заостанува со црната статистика зад другите поголеми градови во државата. Сега штипјани имаат лекар за градоначалник кому можат да му веруваат, а тој пак, има голем предизвик да помогне во што поголем дел бројката на заразени да се намалува се додека не започне имунизацијата на населението.
Поддршката на штипјани за лекарот Сашко Николов во преносна смисла значи и поддршка на здравствениот систем, но и поддршка на владините мерки за справување со корона вирусот. Во прилог на ова одат и бројчаните факти. Пред пет месеци имавме парламентарни избори, во ситуација кога бројките на заразени беа далеку помали, а мерките помалку рестриктивни, односно граѓаните полесно се решаваа да излезат и да гласаат, и тогаш СДСМ во Штип освои 10 000 гласа. На локалните избори сега, во ситуација кога стравот од вирусот е поголем, кога има поголем број заразени и кога паралелно со позитивната кампања на Николов се спроведуваше негативната кампања на ВМРО ДПМНЕ за бојкот, кардио- хирургот на СДСМ освои дури 1 500 гласови повеќе од оние 10 000 во јули.
Сето ова ја потврдува тезата дека Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ немаа вистинска причина за бојкот. Граѓаните повеќе веруваат во способноста и ангажираноста на Николов и неговиот тим, отколку во празните повици за бојкот, без при тоа да понудат вистински аргументи зошто не излегуваат на избори. Паметиме дека пред неколку месеци Мицкоски најави дека падот на власта на Зоран Заев ќе започне токму од локалните избори во Штип, за потоа, откако на Мицкоски и партијата грб им завртеја оние кои им беа колку – толку конкурентни кадри, тие преминаа во сосема друга фаза наречена бојкот на изборите. Еднставно, Мицкоски остана без сериозен кандидат за градоначалник на Штип, потоа напразно зборуваше дека нема услови за избори без при тоа да понуди издржани аргументи во прилог на неговата теза, и на крајот, граѓаните низ демократски избори му покажаа дека тие не сакаат бојкот, туку сакаат европска иднина за градот.
Овие избори се одвиваа и во период кога Северна Македонија се бори за својот статус во Европската Унија, а при тоа се соочува со пречки од соседна Бугарија. Иако некои скептични аначлитичари сакаа да тврдат дека изместените односи со Бугарија и острата реторика која стигнува од Софија ќе предомислат многу гласачи да излезат на избори, сепак штипјани покажаа дека веруваат во европските вредности, во европската иднина на својата држава и дека за Северна Македонија нема друга алтернатива. Свесни дека тешкото допрва доаѓа и дека на нашите политичари ќе им треба мудрост и разум да ги поместат позициите на Софија, а со тоа и позицијата на нашата држава во Брисел, штипјани застанаа зад одлучните политики на СДСМ. А со тоа му удрија шлаканица на Мицкоски дека неговите повици за бојкот навистина биле само очаен обид за спас на својата лична позиција во партијата.