Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани и блокади

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани и блокади, за друг ем не ги бива, ем не знаат, реагира СДСМ на обвинувањата дека семејството на Заев било заразено со коронавирус, а тој не се изолирал.

„ВМРО – ДПМНЕ и Христијан „на браникот на криминалот“ Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани, прекршување мерки, блокади и опструкции на здравствениот систем. За друго ем не ги бива, ем не знаат. Граѓаните многу добро знаат дека хистеричниот Мицкоски среде пандемија затвораше кафеани, прекршуваше мерки и го загрозуваше здравјето на граѓаните. Неговата министерка во техничката Влада, свесно го блокираше заемот од Светска банка за монтажните Ковид болници. Неговиот Вело Марковски ги лажеше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски, и што ти уште не“, пишува во реакцијата.

Од СДСМ велат дека на сите им е јасно дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е само да наштети.

„За тоа кој и колку треба да биде во изолација кажуваат здравствените стручни лица, а не лажговците од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК