Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 461 возач во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 461 возач во Скопје, од кои 38 возеле без возачка, а 16 биле под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 461 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 38 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 16 мерки за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска“, соопшти МВР.

Од таму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК