Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од МВР се бара нов закон за оружје и експлозивни средства

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу високи претставници на МВР и претседателот на Групацијата за оружје, екплозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена, Димитар Мангутов.

Како што информираат од ресорното министерство, претставниците на Групацијата побарале да се разгледа можноста за предлог на нов Закон за оружје и Закон за експлозивни средства и пиротехника, во кој би биле вклучени, како и нов софтвер за набавка и продажба на оружје и муниција.

ОД МВР изразиле волја и најавил формирање на работна група во која ќе бидат вклучени преставници на Групацијата и од Ловечката федерација во изготвувањето на новиот Закон за оружје, како и Законот за екплозивни средства и пиротехника.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК