Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

Проблеми со „Фејсбук“, „Инстаграм“ и со „Месинџер“ во цела Европа

„Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ од утрово почнаа да јавуваат проблеми и да не функционираат. Ова ги погоди корисниците во Европа, вклучително и Македонија, па многу од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не може да се вклучат.

Според „Даун детектор“, проблемите почнале околу 9 часот утрово за корисниците во Европа, а се чини дека најголеми проблеми има во Западна Европа.

И покрај тоа што причината за проблемите останува нејасна, од оние што пријавиле проблеми, 80 % рекле дека не добиваат пораки, а 20 % не може да се најават.

„Мирор“ стапил во контакт со „Фејсбук“ за коментар, но засега нема одговор.

Можеби ќе ве интересира

Како војната во Иран носи милијарди долари во нафтениот и финансискиот сектор

C +

Инфлацијата во 2026 година ќе изнесува 4 отсто, според проекциите на Народната банка

C +

Војната во Иран го наполни рускиот буџет со приходи од нафта

C +