Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник држел автоматска пушка во калибар 7,62Х39 мм од бугарско производство, која претставува верзија на руската автоматска пушка „АК-47 калашников“. Ова оружје им е забрането на граѓаните и за него не може да се добие дозвола за поседување. Заедно со автоматската пушка биле пронајдени и две рамки без куршуми.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор. ​

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ – Уставни измени под сегашните услови нема, прво да се договори Акцискиот план за малцинствата

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ ЗЕМЈИ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ СРЕДСТВА ОД ЕУ – Фон дер Лајен најави 338 милиони евра

ДЕСК

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК