Centar.mk
БИЗНИС

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија утре преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10то издание на ТОП 100 најуспешни компании

Утре (09.12.2020) во 11:00 часот, во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе го реализира јубилејното 10то издание „ТОП 100“ за промоција на најуспешните 100 компании.

Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата.

Наградите ќе бидат врачени од страна на претставници на Комората, како и од претставници од Владата на Северна Македонија.

Со цел почитување на сите мерки и препораки, за заштита од корона вирусот, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, хибридно ќе го презентира „ТОП 100“ каталогот, односно преку преносот во живо на три посебни YouTube канали, со што од страна на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е овозможен пренос на настанот на македонски, албански и англиски јазик. Со оглед на тоа дeка не можете да нè почестите со вашето физичко присуство, ве покануваме да нè следите со приклучување на овој пренос.

На следниот линк можете да ја следите манифестацијата на македонски јазик:
https://www.youtube.com/watch?v=ZmzdW1vwWZ8&ab&ab_channel=3DProjectStudio

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК