25.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Грантови од 5 000 до 15 000 евра за женското претприемништво, поттикнуваме родова еднаквост со нашите политики

„Политиката за родова еднаквост ја поставивме како еднакво важна во сите ресорни министерства, а не како претходно, како прашање единствено важно во рамките на социјалната политика. Ги поттикнавме жените за поголемо вклучување во искористувањето на мерките од Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Во 2018 година 54%, односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот. Ние се залагаме за еднакви права за жените и мажите, еднакви плати за жените и мажите и еднакви обврски за жените и мажите. Затоа реализираме стратегии за развој и директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис. Тука се и други мерки за поддршка на жените земјоделки – како темел на семејните фарми.“- им се обрати премиерот Зоран Заев на жените од цела држава преку онлајн трибината „Молкот не е решение“, посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Заев преку трибината извести дека Владата на СДСМ, не само преку конкретните економски мерки, туку и преку законската регулатива се грижи за статусот на жената во општетвото и нејзината рамноправност.

„Донесовме нов закон за прекин на бременоста, усогласен со европските стандарди, со кој ѝ го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје. Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките. Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси за жртви на родово базирано насилство, рамномерно распоредени во сите плански региони во државата. Секоја мерка и секоја политика што ја преземаме е во насока на подобрување на родовата рамноправност во нашата земја, затоа што тоа е базично човеково право.“- говореше Заев.