Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скопјанец пијан ја силувал својата ќерка – покренато е обвинение

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – родосквернавење.

Станува збор за случајот од 9 ноември кога скопјанецот во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост, како резултат на токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка.

Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој и во моментот бил во пијана состојба.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определениот притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз оштетената и можност тој да го повтори делото.​​

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +