Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: На одредени фунцкионери на ВМРО-ДПМНЕ во потсвеста им е Зоран Заев

На некои функционери во ВМРО-ДПМНЕ очигледно во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче во вклучувањето во живо на социјалните мрежи со кандидатот за градоначалник на општина Штип, Сашко Николов од СДСМ.

„Нема друго објаснување кога нивен член, нивен портпарол ќе извика да живее Зоран Заев, што значи дека тоа е навистина нешто што ги оптеретува, нешто со што очигледно и се будат и заспиваат и очигледно е дека се свесни дека со нивните други секојдневни постапки прават нешто што не треба, што не е исправно“ кажа Филипче.

Филипче посочи дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е ирационално затоа што во време на пандемија организираат протести на кои мерките за заштита не се почитуваат, а во исто време велат дека иборите во Штип биле небезбедни за јавното здравје.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК