15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ПЕС: Заев демонстрира храброст и лидерство, неговата држава заслужува преговори

Претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во изјавата во врска со македонско- бугарските односи наведува дека е неопходно да надвладее политичко лидерство и конструктивен дијалог.

-Партијата на европските социјалисти е разочарана од преговорите за пристапување во ЕУ за Република Северна Македонија која се соочува со ран удар, по најавата на бугарската влада дека засега го блокира процесот. Политичката мудрост на двете земји е ставен на тест – само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот може успешно да ја надминат оваа пречка.

Европските социјалисти и демократи секогаш биле поддржувачи на процесот на проширување за Западен Балкан. ПЕС го поздрави одобрувањето на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март годинава и нацрт-рамката за преговори претставена на земјите-членки во јули – се наведува во изјавата на ПЕС.

Од таму повикуваат на длабински дијалог помеѓу Бугарија, која 13 години е членка на ЕУ и на Северна Македонија која силно ја изрази желбата за пристап кон унијата. Во изјавата на ПЕС се дополнува дека премиерот Зоран Заев продолжува да демонстрира храброст и лидерство.

-Премиерот на Северна Македонија, Зоран Зеав продолжува да демонстрира храброст и лидерство додека бараше пат низ ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен таков длабок дијалог. Брзиот почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијаат на долгорочната врска меѓу Бугарија и Северна Македонија, исто така како и на целиот регион на Западен Балкан. Време е сите да постапат одговорно и со мудрост, водено од визијата за заедничка европска иднина- стои во изјавата.

Дополнително, ПЕС изразува загриженост за развиениот национализам во Бугарија, но и во Северна Македонија, и изразената десничарска реторика.

-Двете земји ќе го паметат говорот на омраза во регионот за време на претходната конзервативна влада. ВМРО-ДПМНЕ го наруши дијалогот со Бугарија, Грција и целиот регион, со што пристапот во ЕУ стана невозможен сон. Под нивни мандат, Северна Македонија доживеа една деценија замрзнати интеграции и проблематични односи со соседните земји. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да игра опасни игри со говор на омраза, предизвикувајќи конфронтации. Ова не е иднината што ја сакаат луѓето во Северна Македонија. Социјалдемократската влада на Зоран Заев ја водеше Северна Македонија кон почетна точка на преговорите со ЕУ и тој останува најдобрата личност да го продолжи тој процес, доколку и се даде шанса на земјата – завршува изјавата на Претседателството на Партијата на европските социјалисти.

Спонзорирано: