Centar.mk
БИЗНИС

10-годишен јубилеј на изборот ТОП 100 најуспешни компании организиран од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, и оваа година го организира веќе препознатливиот и ексклузивен настан за избор на најуспешните и најмоќните компании „ТОП 100“, овој пат како специјално 10то јубилејно издание.

Настанот кој несомнено се претвора во традиција, и оваа година ќе ги истакне и награди најдобрите компании од најразлични индустрии, кои покажале најголем успех на повеќе полиња во своето работење, а се воедно и членки на Комората и својот успех несомнено го должат и на поддршката и помошта од Комората како специјална привилегија и придобивка на секоја компанија која е дел од мрежата на членки.

Индикатори, кои влијаат при избор на најдобрите и најуспешни 100 компании се годишниот приход кој го прикажуваат, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал. Главната цел на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е преку овој настан да се зголеми конкуренцијата помеѓу компаниите и истовремено да се стимулира и развојот на истите.

Избраните „ТОП 100“ најмоќни компании докажуваат како храбро треба да се ризикува и инвестира на пазарот за да се постигне посакуваниот успех, кој исто така влијае и на целосната економија на државата.

10то издание на „ТОП 100“ најуспешни компании ќе се одржи на 9 декември 2020 (среда), во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Поради актуелната пандемија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на јубилејниот настан „ТОП 100“, се одлучи за целосна транспарентност со прикажување на истиот јавно и преку live streaming на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на “Алкалоид” при официјалната посета на владина делегација на компанијата

ДЕСК

Убава вест: Ново поевтинување на дизелот

ДЕСК

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

ДЕСК