21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски: Со амандмандската блокада ВМРО ДПМНЕ ги кочи парите да стигнат до граѓаните

„Деловникот бил сменет без опозиција? Тоа не е точно. На сите координации кои беа закажани се говореше за онлајн собрание. Од самиот старт опозицијата не сака ваков тип на седници затоа што намерата им е да ги блокира сите закони наменети за граѓаните. Потоа, велат дека било противуставно, но во Уставот стои дека Собранието може да одлучува ако присуствува мнозинството пратеници, но никаде не пишува какво присуство. Ако е проитивуставно ајде да го промениме Уставот, за да прецизираме за какво присуство станува збор, дали физичко или онлајн. Собранието е избрано за да функционира, ние добиваме плата за да функционираме за да носиме закони, не сме избрани да опструираме. Сами признаа во ВМРО ДПМНЕ дека ова е намерна блокада со амандмани, зошто? Ние посакуваме никој да не се заболи, но може и повеќе од половината да се разболиме па никако да не функционираме. Сакате криза, сакате буџетот да не се донесе, сакате граѓаните да не добијат пари во кризата. Од нас се чекаат одлуки да им го олесниме животот на пензионерите, уметниците, социјалните случаи…“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој потенцираше дека од деструктивното однесување на опозицијата страдаат граѓаните, а потоа пратениците од мнозинството.

„Голем дел од европските држави се прилагодуваат на новите услови. Велат во ВМРО ДПМНЕ дека власта немала коректен однос кон нив и затоа блокирале. Па, што се виновни граѓаните ако опозицијата не е задоволна од власта, па ги блокирате законите. Со ова однесување не ни прават проблем само нам, туку на граѓаните им предизвикувате проблеми.“- рече Каевски.