Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Молкот за тајните средби во Софија е доказ дека Заев преговара за идентитетот

„Заев молчи и не кажува за што се преговара на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас, Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, молкот на премиерот во заминување Заев, но и на Димитров, Османи, Шекеринска, и цела влада и цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, јазичната и национална посебност, историјата и антифашистичките столбови на македонската државност.

„Власта на шверцерски начин сака на и така штетниот договор од 2017 да накалеми ново раскрчмување на националните интереси. Самиот премиер во заминување, Зоран Заев, сето ова го навести во скандалозното интервју, а сега со молкот и сето тоа се потврдува. Никој му нема дадено право на Заев да тргува со народот, јазикот и историјата, бидејќи тие припаѓаат на сите минати, сегашни и идни генерации Македонци и останати граѓани на Македонија. Ова не е тезга, ниту Еленица, па да ја распродава. Ова е Македонија, суверена и независна држава.
Народот остро се спротивставува и уште поостро ќе одговори на ваквите штетни и анационални политики на премиерот во заминување Зоран Заев. Работата е дојдена до таму, или Заев или Македонија. Затоа оставка на Заев, слобода на Македонија“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК