15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Почна аплицирањето за добивање два денара субвенција за килограм произведено и предадено винско грозје

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите производители на грозје дека од денеска па до 25 декември 2020 година може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.

„Сите земјоделци кои произвеле и предаделе грозје од овие сорти ќе треба да аплицираат до 25 декември. Сите кои правно – законски ќе се стекнат со право на користење на оваа финансиска поддршка ќе добијат дополнителни 2 денара по килограм произведено и предадено винско грозје во регистриран капацитет за производство на вино“ – истакна Бабовски.

Преку оваа мерка директно влијаеме на намалување на загубите на производителите на винско грозје.

Можеби ќе ве интересира

Античкиот театар Аспендос во близина на Анталија ја собра светската оперска и балетска елита на 32 Меѓународниот фестивал за опера и балет

C +

Јовановиќ за РАЦИН.МК: Алта банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата, гувернерот да не го одобри преземањето на Стопанска банка Битола

C +

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

C +