Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи утре и задутре на министерскиот состанок на Северноaтлантскиот совет на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре и задутре, ќе учествува на редовниот состанокот на Северноaтлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, кој, поради рестрикциите наметнати од пандемијата, ќе се одржи преку видеоврска.

Во согласност со дневниот ред, предвидено е на состанокот министрите за надворешни работи на земјите членки да дискутираат за приоритетни прашања на НАТО, како и за актуелните предизвици со кои се соочува: состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.

Министрите ќе го разгледаат и извештајот со наслов „НАТО 2030“, што ги рефлектира стратешките потреби и предизвици за алијансата во наредната деценија, а предвидено е да бидат одобрени и неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија во рамките на НАТО.

Во рамките на состанокот Османи ќе се обрати на првата работна сесија, што ќе биде негов прв настап на Северноатлантскиот совет од стапувањето на должноста министер за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК