Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Нова цена на горивата

Во понеделник на 30.11.2020 година Регулаторната комисија за енергетика се очекува да ги утврди новите цени на горивата кои ќе бидат со важење од вторник.

Со последната одлука малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, беше намалена за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Цената на еуросупер 98 остана иста и во моментов изнесува 61.5 денари, додека пак цената на дизелот беше зголемена за 0,5 денари и сега се продава по цена од 51.50 денари за литар.

Какви ќе бидат новите цени ќе биде познато во понеделник на пладне.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК