Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кирацовски: За да се случат големи нешта потребни се материја, енергија простор и време, а во ВМРО-ДПМНЕ постои само материја изгубена во просторот и времето

За да се случат големи нешта потребни се материја, енергија простор и време, а во ВМРО-ДПМНЕ постои само материја изгубена во просторот и времето, пишува Александар Кирацовски од СДСМ, на својата фејсбук страница.

– ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во очајна состојба, без дефиниран наратив, без здрава реторика и став по најбитните државнички прашања и не мислам дека за брзо време може да се организира посериозно.

Можеби ќе звучи малициозно, но оваа состојба во опозиција одговара не само за СДСМ, туку и на нашата држава.

Имено, нивната неконструктивност придружена со евентуална моќ би се прелеала на државно ниво, додека вака останува во нивниот партиски двор кој мене многу ми наликува на периодот во кој ние се бевме нашле меѓу 2006 и 2009 година. Кој памети, знае што значи тоа.

Има едно правило кое вели дека проблемите и впечатокот за организацијата од автократското владеење се искоренуваат минимум за половина од периодот за кој егзистирало истото.

Следствено, на опозицијата ќе и треба уште доста време да се реструктуира и да застане на здрави нозе.

p.s. Епилог за денешните протести на опозицијата, пишува Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.