Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.

„Во овие моменти на семејна тага дозволете ми од мое име, и од име на Владата на Република Северна Македонија, да Ви изразам искрено сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.

Првоборецот на НОВ Раде Гогов, кој како млад 18 годишен партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ, останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за нејзиното ослободување, самобитност, државност и независност.

Неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина.

Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода.

Нека му е вечна славата“.

Можеби ќе ве интересира

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија и ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес

ДЕСК

Манасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач

ДЕСК