Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски сепак не му се извинил на Села за тероризмот на 27 април, кога Зијадин беше крваво претепан и влечен од страна на напаѓачите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на ТВ 21 негираше дека му се извинил на лидерот на Алијанса за Албанците (АА) Зијадин Села за „27 април“.

Генералниот секретар на АА, Арбен Таравари, пак, претходно на истата телевизија имаше изјава дека на конференција на „Конрад Аденауер“ во хотелот Хилтон Мицкоски се извинил.

„Јас ја слушнав таа изјава од господинот Таравари. Таа рефлектира на она што го кажав на самиот почеток на таа конференција на ’Конрад Аденауер‘ каде кажав дека жалам за тоа што му се случи на господинот Села и посакав никогаш тоа да не се повтори. Тоа беа моите зборови“, истакна Мицкоски на ТВ21.

На дополнителни прашања дека иако жали, сепак, не се извинил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не може да се извинува за нешто за што тој не бил причина да се случи.

„Човечка емпатија е да жалите ако на некого тоа му се случи, а за да се извините за нешто треба да сте вие причината дека тоа се случило. Јас не сум причината и не можам да се извинувам за нешто за што не сум причина да се случи, но истовремено како човек како сограѓанин, како пријател, сакам да изразам моја лична емпатија“, посочи Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА 40 МИНУТИ ГИ ЛОЦИРА И ФАТИ КРАДЦИТЕ: Украдените мобилни телефони, пари, новчаници од автобус кој носеше деца на ексурзија се вратени кај учениците и професорите

ДЕСК

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК