Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 181 возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјалното возило „пајак“. За неносење заштитна маска изречени се 34 санкции.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +