Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките против Ковид-19

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки.

На средбата која заради пандемијата од Ковид-19 се одржа онлајн и на која учествуваа околу 70 директори, се дојде до констатација дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот.

„Воспитувањето и образованието на најмладите во општеството е работа која бара голема посветеност и вистинска грижа. Од страна на Министерството ја имате целосната поддршка во работата и продолжуваме заеднички да работиме на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од секојдневието и обезбедување на безбеден престој на вработените и децата во градинките. Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, обезбедуваме безбедни градинки и за вработените и за децата“, истакна министерката Шахпаска.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, порача СДСМ

ДЕСК

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето наредните денови?

ДЕСК