23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара оставки по снимките од битолската болница

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара остака од директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска, министерот за здравство, Венко Филипче, и од премиерот Зоран Заев по фотографиите од битолската болница, на кои се гледа како пациент прима инфузиска терапија легнат во просторија со починати, но и поради снимките што ја прикажуваат состојбата во здравствената установа.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, оцени дека во македонските болници владее целосен хаос и безредие, а власта молчи пред реалната слика. Стоилковски на прес-конференцијата сподели видео од болницата.

„Снимката на социјалните мрежи од битолската болница, во која владее хаос, безредие и нехумани и недостојни услови за престој, повторно посведочија пред јавноста“, рече Стоилковски коментирајќи го видеото.

„Овој ужас од фотографиите се обидуваат да го скријат, да не се видатг нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта, да мине без реакција и одговорност за тоа што го посведочи целата македонска јавност, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела на починати пациенти, а на други двајца пациенти им се дава инфузиска терапија. Битолската болница на смртта е објект во кој пациентите се омаловажени, треба да користат санитарни јазли како да се во севернокорејски затвор, а не во болница во Европа“, изјави Стоилкосвки.