25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Aрсовски: Заев втор ден бега од одговор каква точно понуда пратил до Бугарија

„Лажгото и лопов Зоран Заев сè уште не ѝ одговори на јавноста каква понуда е пратена до соседна Бугарија. Коалицискиот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев не треба да се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост.

„Неговата патлиџан-дипломатија ја донесе Република Македонија до ќор-сокак, од кој нема излез. Дали во понудата, покрај распродавање на сите национални интереси и на историјата, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени? Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во ‘Телеком’, железничкиот транспорт, најатрактивното земјоделско земјиште во целата држава, ТЕЦ ‘Неготино’, ‘Македонска пошта’ и уште многу други институции? Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните?

Кому му ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми? Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што сè ѝ има понудено на бугарската влада за да се тргне блокадата?

Претходно, велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто? Зоран Заев е човек кој, за жал, ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата што ја доби со поткуп. Затоа е потребна влада за национален спас наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев“, додаде тој.