Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ужас во Скопје: 70- годишник се обидел да силува 10-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка. Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар.​​

Можеби ќе ве интересира

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

ДЕСК

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.