Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Прекината семејна веселба во гостиварско, приведен сопственикот на објектот

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (25 ноември) околу 16 часот го лишија од слобода А.Д.(30) од Неготино,гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица. Тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК