Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со претставници на Асоцијацијата на ивент-индустријата

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Асоцијацијата на ивент-индустријата – ИВАП, во која членуваат 39 компании вклучени во организација на настани, изнајмување опрема за настани, видео-аудиопродукција и техничка поддршка на настани.

На средбата претставниците на асоцијацијата ги претставија предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа и драстичниот пад на приходите по почетокот на пандемијата на Ковид-19.

„Претставниците на Асоцијацијата на средбата укажаа и на административните пречки со кои како дејност се соочуваат при остварувањето на своите права и користењето на мерките понудени од Владата. Претседателот Пендаровски ги поддржа напорите на Асоцијацијата ИВАП за изнаоѓање начини за надминување на предизвиците низ кои поминуваат компаниите што се занимаваат со оваа дејност и изрази очекување институциите соодветно да одговорат на нивните барања, со цел ублажување на негативните последици во нивната работа поради пандемијата на Ковид-19“, соопшти Кабинетот на претседателот.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК