Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Ја разгледавме потребата од учество на Армијата за обезбедување на болниците

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што дополнително ќе бидат утврдени бројките за здравствените објекти што ќе треба да бидат обезбедени.

Ова го истакна директорот на Центарот за управување за кризи, Стојанче Ангелов по завршувањето на состанокот на кој бил подготвен акцискиот план за справување со кризи.

Истовремено, предложено е во Кризниот штаб да се вклучи и претставник на невладиниот сектор со цел поголема транспрентност на работата на клучните институтции задолжени за справување со корона-кризата.

„Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член“, рече Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски до Дурмиши: Зошто владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи?

ДЕСК

Спасовски: Зошто не е формирана комисијата за правосудниот испит?

ДЕСК

Мицкоски: Очекувам новиот јавен обвинител да постапи по претставки кои се чуваат во фиока, но и да се истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО

ДЕСК