Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПРВ СНЕГ: Побелеа Маврово и Пелистер, што најавуваат метеоролозите?

Снег денес попладне и вечерва паѓа во Маврово, Пелистер, Нижеполе и на Караџица.

Слаби врнежи од снег беа забележани и на Ѓавато.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени.

Во понеделник, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Прогноза за 23.11.2020
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Прогноза за 24.11.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер.

Прогноза за 25.11.2020
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

фото Centar.mk

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК