Здравствениот експертски тим на Демократскиот сојуз предлага да се разгледа можноста во ординациите на матичните доктори да се вклучат и интернисти кои ќе им помагаат околу третманот на пациентите инфицирани од коронавирусот Ковид-19.
„ Покрај тоа државата да ги помогне финансиски и со потебната заштитна опрема и средства, средства за дезинфекција и др. она што е неопходно за успешно лекување на граѓаните.
И досега матичните доктори се во директна комуникација со пациентите, но нивниот обем на работа ќе се мултиплицира со се’ поголемиот број на инфицирани граѓани, поготово во услови на неможност сите пациенти болнички да се третираат.
Воедно предлагаме во услови на прогласена кризна состојба да се упрости постапката за увоз на лекови.
Законските процедури не смеаат да бидат причина да нема услови за да се набават лекови, кислородна поддршка на пациентите или да нема заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал.
Демократскиот сојуз апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките на здраствените власти, да носат маски, да не се групираат и да држат дистанца како и да ги дезинфицираат рацете.
Мораме сите да се прилагодиме на “нормално” живеење во услови на криза, а процесот на работа и производство да тече со примена на највисоките стандарди за заштита на работниците“ велат од Демократскиот сојуз.