Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопје и Охрид како Амстердам: Заев најави легализација на марихуаната во угостителските објекти

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче Веле“ најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, а истото ќе биде контролирано на сличен начин како во Амстердам. Заев смета дека тоа може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

-Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив. Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места, вели Заев, додавајќи дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК

Серафимовска-Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура – шефот и банкарот на ОКГ

ДЕСК

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

ДЕСК