Centar.mk
фотографијата е генерирана оригинално со вештачка интелегенција
СВЕТ

ГЕРМАНСКАТА АРМИЈА ПОЧНА ДА ПРОДАВА ГУМЕНИ ПАТКИ СО ПУШКИ – Необичниот производ веднаш се распродал

Германските вооружени сили, Бундесверот, започнаа сопствена интернет-продавница со облека, сувенири и промотивни производи. Најголемо внимание привлече необична гумена патка облечена во воена униформа, со минијатурна реплика на пушка, која за кратко време се распродала.

Покрај патката, продавницата нуди маици, чаши и други производи со ознаки поврзани со германската армија. Од Бундесверот очекуваат ваквата маркетиншка стратегија да ја зголеми препознатливоста на институцијата, особено кај помладата публика.

Необичниот потег предизвика и критики. Дел од политичарите предупредуваат дека претставувањето на воената опрема преку забавни производи може да ја потцени сериозноста на воената служба. Од друга страна, големиот интерес за продавницата покажува дека промотивната кампања успешно го привлекла вниманието на јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПАПАТА ЛАВ XIV ВО ПЕРУ – Масовни верски собири и засилена здравствена внимателност поради морбили

ДЕСК

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК