„Нема ниту една европска вредност во владеењето на Заев. Тој ги прокоцка сите шанси да ја унапреди државата.
Власта со политика херојот Делчев го дава, измамникот Заев не го дава, посрамени вечно ќе чекаме пред портите на ЕУ. Политиката на свиткана кичма затвора, а не отвора врати. Во Европа не се избираат претседатели на држави како што Заев купувал гласови од верски лидери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, поранешниот реис призна дека Зоран Заев и Стево Пендаровски преку него купиле контингент гласови на наши сограѓани од исламска вероисповед.
„Признанието на реисот треба да биде црвено светло за ЈО и веднаш да го повика да даде исказ за тоа како Заев и Пендаровски купувале гласови. Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години. Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејство на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана за тоа дело. Според член 23 од Кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело, ќе се казни како да го сторил самиот.
Има доволно елементи за одговорност за очигледниот поткуп што го призна реисот. По ваква изјава, да имаа грам доблест и Заев и Пендаровски, ќе си дадеа оставка. Но, тие остануваат да ги узурпираат функциите до кои очигледно дошле преку поткуп. ЈО не смее ниту ден повеќе да чека и веднаш да отвори случај за изборнуот поткуп за кој сега имаме и признание. Не е европска вредност да се купуваат гласови, а притоа да се зборува за ЕУ. Патот кон Унијата бара посветеност и почитување на законите, а не нивно кршење. Одговорност веднаш! Оставки“, се вели во соопштението.