25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Ќе ги убедуваме во Софија дека доколку има заемна почит, јазикот не може да биде пречка

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска имаше се обрати на онлајн конференција насловена: „ Земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ – Предизвици и можности за европската интеграција“.

На прашањето „Што е потребно за Бугарија да го смени својот став во однос на Северна Македонија?“, Димитров истакна:

„Нема да престанеме со напорите. Остануваме посветени да најдеме излез, но само во рамките на тоа што е можно. Ние сме целосно посветени на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство, но не можеме да зборуваме или да преговараме за јазикот или идентитетот. Јазикот не може да биде пречка за пријателство, ако тоа пријателство се заснова на заемна почит и ние ќе продолжиме да ги убедуваме нашите соседи во Софија дека тоа е така. Не е мудро историјата да стане предмет на разговор меѓу политичарите, тоа треба да им се остави на историчарите. Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да го промениме денес и утре“, истакна вицепремиерот.

Во контекст на темата на панелот „Што е Европа“, на која што Димитров се обрати како главен говорник, тој потенцираше дека постојат два магнета кои ги привлекуваат македонските граѓани кон Европската Унија.

„Првиот е просперитет и е поврзан со заедничкиот европски пазар. Вториот се европските вредности како што се демократијата, владеењето на правото, независни судии, борба против корупцијата, отчетност, слободни медиуми, чист воздух и вода. Секогаш кога се прават компромиси во однос на вториот магнет, ЕУ станува помалку привлечна“, рече Димитров.

Онлајн конференцијаѕа беше во организација на Европскиот балкански фонд, BiEPAG и Данскиот институт за надворешна политика.