Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Карпош приведен разбојник баран за пет кривични дела

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи во Карпош, во вечерните часови на 17 ноември, на подрачјето на оваа скопска општина го уапсиле 30-годишниот И.Р. од Скопје, поради сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“.

Како што информираат од МВР, тој се товари дека делата ги извршил во продажни објекти, игротека и аптека на подрачјето на Шуто Оризари, а имал и еден обид за разбојништво во аптека на подрачјето на Карпош.

При извршен разговор, приведениот ги признал споменатите кривични дела, а се работи на расчистување и на други злодела, по што против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

ДЕСК

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија – вели СДСМ

ДЕСК