Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ќе се формира центар за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот

Во врска со информацијата за формирање центар за поддршка на македонските компании при настап на НАТО-пазарот, Владата го задолжи Министерството за одбрана во постојната организациска структура на Министерството да го вгради центарот за поддршка на компании при настап на НАТО-пазарот.

Дополнително, за ова прашање Владата го задолжи Министерството за финансии да издаде финансиска согласност за вработување административни службеници во Министерството за одбрана, за работни места поврзани со центарот, за кои веќе се обезбедени финансиски средства во буџетот на Министерството за одбрана, и тоа за еден државен советник, еден советник и еден соработник.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК