Имаме добра порака за Светскиот ден на дијабетесот: направивме пресвртница и наместо несигурни сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев преку видео обраќање по повод Светскиот ден на дијабетисот, 14 ноември.
Во Македонија регистрирани се 130 илјади граѓани со дијабетес, од кои 500 се деца до 18 годишна возраст.
Заев се осврна на здравјето на граѓаните како врвен приоритет и истакна дека Владата и Министерството за здравство направиле значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес, ставајќи крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.
Вели дека се врши и континуирано се спроведува набавка на инсулини и глукометри со највисоки свестки стандарди со иновативна технологија за највисоки ефекти за сигурно здравје кај пациентите со дијабетес.
„Членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис нив, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот. Содржините на овие активности имаат исклучително значење за подигнуваме свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува, особено заради светската пандемија со Ковид-19, која ги прави лицата со дијабетес особено ранлива група. Од овој аспект се особено значајни навремените реакции за превентива и едукација на Националната комисија за дијабетес и на Клиниката за ендокринологија при Универзитетскиот клинички центар Мајка Тереза“, рече Заев.