Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Вечерњи лист: Македонија има убедливо најевтино дизел гориво во Европа

БиХ, заедно со Северна Македонија, имаат најниски цени на горивата во регионот, според информациите на Сојузното Министерство за трговија за движењето на цените на нафтените деривати, пишува Индикатор.ба.

Литар гориво БМБ 95 во Федерацијата БиХ чини 0,95 евра и е за 13,89 проценти поевтино од просечната цена во регионот, што е 1,1 евро. Најскапо гориво има во Албанија – 1,36 евра за литар, потоа следува Хрватска, каде цената е 1,16 евра, Србија 1,15 евра и Црна Гора 1,14 евра. Словенија има малку поевтино гориво БМБ 95 од нив – 1 евро, додека по просечна цена, БиХ е најблиску до Македонија со литар што чини 0,95 евра.

Во случајот на дизелот, Македонија е далеку најевтина со цена за литар од 0,82 евра, а поскапа е ФБиХ каде цената е 0,93 евра. Во Црна Гора цената е 0,97 евра, во Словенија 1 евро, во Хрватска 1,11 евра, Србија 1,2 евра и Албанија 1,36 евра.

Од земјите на Европската унија, бензинот 95 во моментов е најскап во Холандија – 1,62 евра за литар, а дизелот во Шведска 1,34 евра за литар. Од друга страна, најевтино гориво во ЕУ има во Романија, а бензинот 95, како и дизелот, се 0,89 евра за литар, пишува Вечерњји лист.Ба.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК