22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ги дочека фудбалерите: Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја!

Интегрално ја пренесуваме изјавата на премиерот Зоран Заев, откако заедно со првиот вицепремиер ги дочекува фудбалерите на македонската репрезентација кои со денешниот победнички натпревар успеаа за прв пат во историјата да ја внесат Македонија на Европското првенство:

Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја.

Таа радост ја донесовте вие, македонските фудбалски јунаци кои ги оставивте срцата на теренот во Тбилиси и извојувавте победа со која за прв пат во нашата фудбалска историја, Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство.

Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.

ЕДЕН ГОЛ ЗА СИТЕ, ЕДНА ПОБЕДА ЗА СИТЕ. ТАКА Е КОГА ЗАЕДНО ИГРААТ МАКЕДОНЦИ, АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, ВО ИСТИ ДРЕСОВИ, ПОД ИСТО ЗНАМЕ И ЗА ЗАЕДНИЧКАТА ТАТКОВИНА. ТАКА Е КОГА СЕ ИГРА, ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН…

Јас и првиот вицепремиер Артан Груби доаѓаме од седница на владата која пред малку заврши за да ви укажеме чест и да ви соопштиме дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

Ова е успех достоен за големо славење, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој моммент да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 кои забрануваат собири.

Ви честитам уште еднаш.
Да сте здрави и успешни, да живее македонскиот фудбал!