Оливер Спасовски повторно покажа колку е неспособен, му избега обвинет за свирепо убиство од судница полна со полиција и никој не го спречил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење. Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност. По вакво бегство на убијци на деца министер за внатрешни си дава оставка“, пишува во соопштението.
Од партијата велат дека не може обвинети за тешки кривични дела да бегаат од државата, а МВР на чие чело е веќе 5 години да спие.
„И сето ова се случува додека во затвор скапуваат недолжни граѓани, а криминалците се шетаат на слобода. Ваквиот однос на Спасовски ги разнишува безбедносните темели на државата, но и довербата во правната држава и целиот систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.