Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владина делегација предводена од Заев им оддаде почит на ослободителите на Скопје

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на настанот организиран од градските власти, денеска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Во придружба беа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

„Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на владината делегација оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на Ослободителите во дворот на Владата“, информираат од владината прес-служба.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК