Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Фирми партнери на Мицкоски биле кредитирани без покритие од Еуростандард банка

Меѓу компаниите кои биле кредитирани од страна на „Еуростандард банка“ без покритие се и компании во сопственост на бизнис-партнерот на Христијан Мицкоски, посочи пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет.

-Во едно интервју сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, а потоа и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека биле кредитирани фирми од Струмица, без доволно покритие и дека наводно тие фирми биле блиски со СДСМ. Компаниите „Јанев трејд“ „Ведра мини“ и „Минка ДА“ не се поврзани со власта. Станува збор за компании на партнер на Христијан Мицкоски. „Минка ДА“ и другите компании што ги спомнав а коишто без покритие ги има финансирано Еуростандард се партнер на Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите, рече Костадинов.

Овие факти, додаде тој, внесуваат целосно нов момент во целиот случај со Еуростандард банка кој ги поврзува директно со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК