Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Земјотресот ја замати водата за пиење во Маврово

Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ соопшти дека по силниот земјотрес што утрово го погоди западниот дел на Македонија дошло до заматување на водата за пиење и препорачува граѓаните да не пијат вода од чешмите.

„Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата директно од вашите чешми да не ја пиете“, се наведува во соопштението на ЈПКД Маврово.

Земјотрес со јачина од 5 степени, кoj ja погоди земјава рано изутрината, беше почувствуван и во околните земји. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот, кој се случи во 4.54 часот, бил на 17 километри југозападно од Гостивар.

Земјотресот ги погоди Црна Гора, Србија, Албанија и Косово. Нема извештаи за повредени или штети.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +